Аларм: Еболата излезе од Африка – заболен се качил на 2 меѓународни лета – сите се во опасност


СИМПТОМИТЕ СЕ ПОВРАЌАЊЕ, ДИЈАРЕА, СЛАБОСТ, ГЛАВОБОЛКА, СУВО ГРЛО – ВО КРАЈНИОТ СТАДИУМ КРВАРЕЊЕ – НЕМА ЛЕК… а сега постои опасност болеста да се рашири низ светот откако 40 годишен американец, заболен од Ебола успеал да се качи на 2 меѓународни лета.

Неколку западноафрикански авионски компании, прекинаа да летаат кон Сиера Леоне и Либерија, стравувајќи од можноста за ширење заразата. Одлуката е донесена по откривањето на инцидентот, кога еден заразен Либериец, поминал преку најголемиот нигерски аеродром.

Main-Hammond

Според информациите 40 годишен американец иако имал симптоми, повраќал и имал температура му било дозволено да се качи на меѓународниот лет. Патувал дури со 2 преполни меѓународни авиони и тоа со ASKY Airlines од Либерија до Гана а потоа и до Того. На крајот кога стасал во Лагос во Нигерија починал.

Се алармира дека сите што биле во авионите со него се во сериозна опасност бидејќи еболата е многу заразна и смртоносна во 90 насто од случаите. Порнајдени биле 59 патници од кои 20 се веќе тестирани, но властите имаат проблем да ги лоцираат и останатите патници кои може да летале било каде во светот.

ebola-graphic

Властите во Лондон стравуваат дека преку патувањата на луѓето од Западна Африка кон некој од британските аеродроми, може да се случи опасната зараза да се префрли и на територијата на Велика Британија.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд денеска изјави дека смртоносниот вирус на еболата, кој досега предизвика смрт на 670 луѓе во Западна Африка, и се заканува и на Велика Британија.

Претставник на здравствените власти во Англија, потврди дека врз едно лице во Бирмингем биле направени тестови, откако лекарите се посомневале дека е заразен со ебола, но се покажа дека не станува збор за оваа смртоносна болест. Засега ниту еден Британец не е заразен, а нема ни регистриран случај на заболен од ебола во Велика Британија.

Специјалниот британски комитет за вонредни ситуации КОБРА, со кој раководи Хамонд, денеска одржува седница посветена на состојбата со еболата и за заканата кон Велика Британија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1