АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА ВО ЃЕРДАПСКАТА КЛИСУРА


Состојбата со поплавите во источна Србија и натаму е исклучително сложена, а дождовите не запираат. Според Mинистерството за внатрешни работи, вчера биле евакуирани 370 лица, а денеска таа бројка се зголемила на вкупно 400 лица. Во текот на минатите 30 часа, во поплавените региони во источна Србија паднале повеќе од 150 литри дожд на квадратен метар, а заради излевањето на реките, лизгањето на земјиштето и одроните, градот Кладово од вчера е отсечен од остатокот на Србија. gerdap_poplava

Сепак, благодарение на навремената реакција на општинските власти, бргу биле евакуирани поголем број луѓе, за кои било обезбедено и сместување и храна.  Во моментов, ситуацијата е најтешка во селото Грабовац, каде заради непристапните патишта,  спасувачите единствено со чамци и бродови во Дунав, успеале да обезбедат пристап и да започнат со евакуација на граѓаните чии животи и имоти се најзагрозени од налетот на водената стихија. Во селото подвршка, во близината на Кладово, животот го загубила една повозрасна жена, во засега неразјаснети околности.

Според секторот за вонредни ситуации на Србија, вистинско чудо е дека со оглед на ситуацијата, бројот на жртвите не е поголем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1