Една година затвор за екс градоначалникот на Свети Николе, Слободан Даневски


Една година затвор за поранешниот градоначалник на Свети Николе и претседател на Управниот одбор на агрокомбинатот „Џумајлија“ Слободан Даневски и две години условна казна за правникот на АД „Џумајлија“ Љупчо Мишев, пресуди штипскиот Основен суд за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, јавија медиумите.slobodan damevski

Портпаролот на штипскиот суд, Стојан Михов, вели дека се работи за кривично дело со кое веќе огласените за виновни во текот на 2002 година фиктивно при прогласување на технолошки вишок на одредени работници ги зголемувале личните примања, со цел тие работници да добијат одредени позитивни права преку Агенцијата за вработување.

– Тоа би значелчо нивниот надомест за лица кои се прогласени за технолошки вишок да биде повисок, при што на Агенцијата за вработување на ниво на Република Македонија е причинета штета од 3,5 милиони денари – истакнува Михов.

Парите се одземени во корист на Република Македонија, а оваа сума Даневски и Мишов треба да ја вратат на државата.

Ова е втора пресуда за Слободан Даневски, а во штипскиот и светиниколскиот суд сè уште се водат неколку судски процеси за неговиот брат Зоран Даневски, кој е во бегство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1