Најбогатиот Бугарин уапсен во Србија


Познатиот бугарски бизнисмен Цветан Василев, по кого Бугарија има распишано меѓународна потерница за апсење, денеска и се предал на српската полиција во Белград, објави интернет изданието на белградскиот весник „Блиц“.

uapsennn500

Василев во придружба на неговиот адвокат дошол во една од белградските полициски станици, од каде се очекува да биде изведен пред суд, кој би требало да му одреди мерка притвор врз основа на меѓународната потерница.

Toj во Бугарија е осомничен за сомнителни финансиски активности, кои доведоа до една од најголемите банкарски кризи во земјата.

Поради стравување дека ќе биде уапсен, Василев на 28 јули побегна од Бугарија, по што судот донесе одлука за целосна заплена на неговиот имот.

Василев, кој важи за најбогат Бугарин, е мнозински сопственк на „Корпоративната трговска банка“, врз која во јуни годинава контрола презеде бугарската држава. Од тогаш се запрени сите трансакции на банката и се блокирани сите нејзини сметки на кои имало над 3,7 милијарди долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1