Алармантно: Научниците најдоа смртоносен грип кој што може да се пренесе преку воздух


Иако засега не можат да го докажат начинот на преносливост, научници сметаат дека потенцијалниот напад на птичјиот грип може да се пренесе преку воздухот.

virus

Обично ваквиот грип се пренесува преку физички контакт, но сепак во 2003 година група на истражители го проучувале грипот Н7N7 кај живината на една холандска фарма, што резултирало со 89 потврдени човечки инфекции вклучувајќи и една смрт. Х5N1 е најштетен вирус на птичји грип, откако во тој период убил 360 од 610 заболени лица. Преку комјутерски модел се утврдило дека во тоогап ваквиот вирус се појавил во повеќе фарми, па оттука Марион Копманс од Холандскиот Национален Институт за јавно здравје и околина кој е и координатор на истражувачкиот проект вели дека и вирусот од типот H5N1 може да биде пренослив преку воздух, нешто што треба да ги загрижи локалните власти. И други истраживачи се согласиле дека Х5N1 може да биде пренослив преку воздух.

„Поради тоа што немаме директно сознание за начинот на кој што се пренесува, единствено ни преостанува да претпоставуваме“, вели Џон Мекејли од Националниот институт за медицински истражувања во Лондон.
Џон вели дека е познато тоа што вирусот кој предизвикува шап и лигавка кај говедата и свињите патува далечни километри преку ветерот. Тој е полесен од птичјиот грип, а обично се пренесува преку инфицираниот измет од животинските фарми.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1