Алармот вклучен – труења, епидемии и смртоносни бактерии!


Летово, скопјани и штипјани се соочуваат и со епидемија на вирусна жолтица, која што не е вообичаена за овој период од годината, а се’ уште нема завршница ни голготата со фаталната бактерија листерија која покоси пет човечки животи.

Испитувањата на Институтот за микробилогија денеска треба да ја покажат точната причина за труењето од храна на 39 лица во населбата Драчево, меѓу кои има и тригодишно дете и 29-годишна трудница. Според првичните информации, станува збор за труење со салмонела пронајдена во мајонезот кој го користи една сендвичарница во населбата, бидејќи сите заболени ги имале симптомите на таа бактериска цревна инфекција.

listerija_vo_prilepОд заболените  кои побарале лекарска помош, 12 се хоспитализирани, а другите се пуштени на домашно лекување.

Драчевчани коментираат дека ова е третпат истата сендвичарница да биде затворена, токму поради труење од храна, а оваа информација ја потврдија и од Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Летово, скопјани и штипјани се соочуваат и со епидемија на вирус на жолтица, која што не е вообичаена за овој период од годината, а се’ уште нема завршница ни голготата со фаталната бактерија листерија која покоси пет човечки животи. Случајот со листеријата која засега официјало е пронајдена во производи на кумановската месна индустрија „Екстра меин “ и во производствените погони на „Пекабеско“, е во Основно јавно обвинителство, кое  прибира документација што понатаму треба да биде биде проследена на вештачење.

За потсетување, Министерот за здравство, Никола Тодоров, поднесе кривична пријава против непознат строител за пуштање во промет небезбедна храна, за што е предвидена и казна затвор до 10 години.

hrana mesoМесото останува на менито во градинките и училиштата 

Иако нерасчистениот случај со листеријата пронајдена во месни производи и петте нејзини жртви го вклучи алармот кај граѓаните за тоа  колку во земјава се контролира безбедноста на храната, сепак, надлежните не излегоа со препораки до градинките и училиштата за привремено менување на менито, однсно барем додека стивне заразата со оваа смртонона бактерија,  на децата да не им се служи месо.

Сепак, директорите на овие установи  велат дека контролите се кренати на највисоко ниво,  и особено се почитуваат препораките за здрава и безбедна храна, во однос на следење на потеклото на месото од кланиците па се’ до производствените погони и кујните  каде што се подготвува храната. Надлежните велат дека на децата секогаш им се дава свежо месо, а консумацијата  на сувомеснати производи е сведена на минимум.zoltica race

Засега, регистрирани се два случаи на појава на жолтица во две скопски градинки. Најмногу заболени има во Скопје, (83)  и во Штип (36) лица. Поединечни случаи на хепатит А има и во Гостивар и во Куманово.

Сепак, со старотт на учебната година, можно е и зголемување на бројот на заразени од вирусна жолтица.

NetPress.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1