Првиот човек во православието, ја признал македонската црква и нација


Вселенскиот патријарх Вартоломеј го одобри филмот за светите браќа Кирил и Методиј, во кој се зборува дека биле Македонци. Тоа ги вознемири луѓето од Бугарскиот културен клуб во Скопје, пренесува Денешен.

Историскиот филм за светите браќа Кирил и Методиј е дело на чешкиот режисер Петр Николаев, а во продукција на Виктор Криштоф.

Новиот филм за светите браќа е снимен по повод 1150-годишнината од почетокот на мисијата на Кирил и Методиј во Моравија и се бави со прикажување на нивните дела во ширењето на словенската писменост.

vartolomej-i-irinej-1-630x417Филмот е снимен во копродукција со Чешката телевизија и студиото Барандов од чешкиот главен град, во соработка со словенски, руски и словачки партнери. Во подготовката на сценариото учествувале експерти од Римокатоличката црква, Православната Црква на Чешка и Словачка, Чешката академија на науките и Моравскиот музеј, а буџетот на филмот е 2,24 милиони евра.

Во сценариото на филмот за кое одобрување дал и патријархот Вартоломеј, пишува дека проектот е замислен како паневропски во него се содржаани историски факти кои ги засегаат неколку нации, односно Полјаците, Србите, Македонците, Грците, при што изостануваат Бугарите.

Според бугарските медиуми со ова вселенскиот патријарх Вартоломеј ја признал македонската нација како засебна од грчката.

Кирил и Методиј, родени во Солун се заслужни за појавата на словенското писмо, развојот на словенската култура, преводот на Стариот Завет и имале значително влијание врз историјата на словенските народи. Сесловенските просветител во Чешка се сметаат за основоположници на темелите на модерната чешка државност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1