Дознајте дали партнерот ве изневерува преку Фејсбук


Модерната технологија носи и модерни правила, па дури и кога се во прашање љубовните односи. Доколку не сте сигурни и чувствувате доза на љубомора или се сомневате дека партнерот ве изневерува, има начин како да го разоткриете.

Неверството не мора секогаш да биде направено преку физички контакт, понекогаш некој може да се заљуби во некој друг на поинаков начин.

Тоа е малку потешко за да се открие, посебно ако тие комуницираат исклучиво виртуелно, преку друштвените мрежи.

facebook-tugaНо, постојат 5 очигледни знаци по кои може да забележите дека  партнерот ве изневерува преку Фејсбук.

1. Толку многу е внесен кога пишува порака, што речиси и не ве забележува

Тоа што сте во врска не значи дека мора да го знаете баш секој чекор на другиот. Некои работи би требало да останат лични.

Но, ако вашиот партнер со часови занесено „виси на Фејсбук“, а притоа го игнорира секој ваш обид за да го вратите во реалноста тогаш веројатно е во прашање нешто опасно, штом не сака да ви објасни со кого комуницира толку долго.

2. Пораките му стигнуваат во секој период од денот

Сите ние комуницираме со различни луѓе преку Фејсбук и не е воопшто чудно што некој кој е во друга временска зона ви пишува во ситните часови или ако некој пријател се досети нешто што мора да му го каже во тој момент.

Но, доколку тој не може да дочека за да прочита што му пишала некоја личност, а притоа нагло ја прекинува реалната комуникација или активност која се случува во моментот, тогаш сигурно тука не е сè чисто.

 

3. Го крие екранот

Дали ви се случило да тргнете да го бакнете партнерот додека тој чепка нешто на Фејсбук, а тој некако панично и набрзина го исклучува или го крие екранот? Освен ако не бара некое изненадување за вас, тогаш сè останато е сомнително.

4. Немате пристап до неговиот компјутер или телефон

Мобилниот телефон е секогаш со него, цврсто го држи во рака или во џеб и никому не дозволува да се приближи.

Кога луѓето мислат дека нешто грешат и не сакаат да бидат фатени, понекогаш имаат чудни и очигледни физички реакции. Ако скокнува како попарен штом забележи дека седите пред неговиот компјутер, запрашајте се што го возбудило толку наеднаш.

5. Нападот е најдобра одбрана

Кога конечно ќе се осмелите да го прашате што прави толку на Фејсбук и со кој се допишува, тој ве напаѓа дека сте безобразни и дека треба да се приберете.

Секако, постои можност да не е во прашање некоја друга девојка, туку да е само зависник од социјалните мрежи, но во тој случај сигурно нема да има бурни или неконтролирани реакции.

Црнобело.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1