Откритие кое може да промени се’: Луѓето се пареле со мистериозна четврта група


Семејното стебло на човечкиот род малку е во хаос. Иако не сме имале близок роднина во изминатите 10.000 години, постоеле некои видови кои се слични на нас и живееле на земјата во исто време.

Идејата дека потекнуваме од неандрталците едноставно не е точна. Некогаш живеел вид сличен на нас, на Денисовците, а сигурно дошло и до спојување со нив и размножување. Научниците сега се сигурни дека постоела и четврта група на живот, неидентификувана но слична на нашиот, човечкиот вид.

neandrtalecНеандрталците се појавиле пред околу 200.000 години, а првите траги од Денисовците бележиме од пред околу 30.000 до 50.000 години.

Најновите откритија укажуваат на тоа дека денешната човечка популација има околу 4% од генетскиот материјал од денисовците, иако околу ова се води отворена дебата.

Се шпекулира и дека околу 2% од луѓето кои имаат потекло од Африка ги носат гените на Неандрталецот.

Сега интензивно се трага по мистериозната група со цел да се открие нешто повеќе околу неа и нашето сопствено потекло – од што сме направени?

Tocka.com.mk

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1