Бугарија има потреба од 40.000 ИТ професионалци


Инженерите, квалификуваните работници и менаџерите со години по ред ги завземаат првите позиции на професионалните сектори во кои има дефицит на кадри во Бугарија.

Кон нив самоуверено се приклучуваат веќе и ИТ експертите. Следната година во овој сектор ќе се бараат речиси 40 000 луѓе, покажа истражувањето на Бугарската стопанска комора (БСК).

Секторот генерира околу 6% од БДП на Бугарија, а 50% од бугарската ИТ индустрија е извозно ориентирана.

kompjАнкетата покажува дека една од причините за ваквата статистика во секторот е дека меѓу младите дипломирани инженери и ИТ професионалци има масовно незадоволство од знаењето и вештините што ги добиваат на универзитетот.

Соочени со недостиг на практични вештини, многу од нив се свртуваат кон други професионални сектори.

– За десет години остануваме и без подготвени физичари, хемичари и машински инженери. Нема интерес за овие специјалности поради тешката реализација и ниските плати – наведуваат од БСК.

Годишно меѓу 500 и 600 висококвалификувани бугарски лекари почнуваат работа во Европа. Причините повторно се исклучително ниските плати, недостатокот на развој на кариерата и најтешкиот пристап до специјализација, која сами треба да ја плаќаат.

Земјата ја напуштаат и медицински сестри – по 1.200 годишно. Ваквата статистика говори дека по некоја следна година нема да има кој да го лекува населението кај источниот сосед.

За друга криза – во образованието, предупредува Синдикатот на бугарските наставници.

Според нивните податоци, во 2020 година ќе има над 6.000 слободни позиции за професори.

Се помал е и интересот на младите кон професијата – од 30 дипломирани професори едвај петмина почнуваат работа по студиите.

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1