Албанка си ги заклала 3 девојчиња – 4,10 и 13 годинки


Едлира Добруши – 37 годишна жена признала дека со нож ги убила своите 3 ќеркички на возраст од 13,10 и 4 годинки.

Lecco2Албанката која живеела во Италија целата крвава излегла на улица и викала дека била очајна и дека ги убила девојчињата. Соседите повикале полиција.

Телата на девојчињата биле пронајдени во семејниот стан во местото Леќо на Езерото Комо во Ломбардија.

Жената неодамна се развела од мажот, кој исто така е Албанец, а истата е пронајдена како се шета на улица во шок и со рани на рацете. Според информациите таа боледувала од психичка болест која се влошила откако сопругот ја оставил.

Телата на девојчињата се пренесени на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1