Пронајдените остатоци не се од авионот – се уште мистерија каде исчезна Боингот со 239 патници


Американските истражители, ангажирани во потрагата по исчезнатиот авион на малезискиот национален авиопревозник „Malaysia Airlines”, ги негирале информациите дека претходно најдените остатоци во водите на Јужното Киенско Море на авионот од типот „Boeing-777-200″, објави ноќта кон понеделникот виетнамскиот портал Tuoi Tre.

Malaysia-Airline-crash-3219774Како што изјавил за порталот претставникот на амбасадата на САД во Ханој, Џеки Ли Танг, американските спасувачи извршиле проверка и утврдиле дека објектот пронајден на 100 километри југозападно од виетнамскиот остров Тхо-Чу, не потекнува од исчезнатиот авион.

Претходно, Вол стрит џурнал“ пренесе дека се верува дека се во прашање делови од вратата и опашката на авионот. Според последните информации се уште не се знае каде е авионот. Некои експерти сметаат дека е можно да експлодирал и да се распрснал во воздух – но сите теории досега се само теории, од авионот ниту траг.

Патник од исчезнатиот авион контактирал со семејството
Видео: Моментот кога му свртеа на патник од исчезнатиот авионот на ТВ во живо – погледнете
Студентка а влакно ја избегна смртта: Ги помешала деновите и го пропуштила кобниот лет
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1