На 12-ти април 1961 година ,пилотот на Советското воено воздухопловство, Јуриј Гагарин, стана првиот човек кој отпатува во вселената. Неговиот лет во вселената, поточно по земјината орбита траеше вкупно 108 минути, и тоа представуваше победа на Советскиот сојуз во текот на Студената војна.
Седум години подоцна, рускиот космонаут Јуриј Гагарин загина во тек на тренажен лет, настан кој од тогаш па до ден денешен е се уште мистерија.
Во бројните теории на завери,се споменува и можноста дека Јуриј Гагарин е убиен , по наредба на тогашниот претседател на СССР Леонид Брежнев,поради некој обид на Гагарин за нелојалност кон Комунистичката партија на Русија, потоа е шпекулираше дека извршил самоубиство, а се шепотеше и за теоријата дека наводно во авионот со кој пилотирал Гагарин се судрил со НЛО.
Но после 40 години на мистерија ,сепак вистинската причина за смрта на Гагарин би можел да биде отркриен,благодарение на неговиот колега ,пилотот Алексеј Леонов
-„Авионот ја намали брзината и одалеченоста на само 10-15 метри, при тоа поминуваќи го авионот со кој пилотирал Гагарин премногу блиску.Леонов ја знае вистината, дека авионот на Гагарин паѓал 55 секунди со брзина од 750 километри на час.
Сепак останува прашањето, кој бил другиот пилот?! кој е човекот кој е одговорен за смрта на Јуриј Гагарин. Но Леонов сепак и ако знае се заколнал на тајност дека никогаш нема да го објави името на пилотот кој е виновен за смрта на Јуриј Гагарин! Само кажал дека пилотот е се уште жив и сега има 80 години и е во лоша здравствена состојба.










