Сакате да освоите 15.000 Евра – Аплицирајте на конкурсот за најдобар бизнис план!


Хјундаи и JA-YE Europe во соработка со Економско образование на млади менаџери -Junior Achievement – Македонија како и минатата година така и оваа година распишуваат конкурс за најдобар бизнис план  кој ќе им помогне на студентите од Македонија да ги претворат своите бизнис идеи во реалност.

konkurs-wigoo-nagrada-gПреку иницијативата „Брилијантни млади претприемачи” (Brilliant Young Entrepreneurs) најдобриот бизнис план кој ќе демонстрира иновација, ефективно планирање и потенцијал во реалниот свет ќе добие рекордни средства од 15.000 евра со кои ќе може да започнe сериозен и конкурентен бизнис. Покрај паричната награда победничкиот тим ќе добие и консултантски услуги од страна на економски експерти од овластениот претставник на Хјундаи за P. Македонија, Кореа Ауто Трејд.

Цел на проектот е поттикнување на младите да ги искористат сопствените вештини на иновативен начин со цел да се поттикне нивниот претприемачки дух и можноста за самовработување.

Право на учество имаат студенти од сите факултети на возраст од 18 до 30 години, кои се на додипломски, магистерски или докторски студии.

Краен рок за поднесување на бизнис планот е  01.05.2014 година на e-mail: [email protected].

Доставената апликација ќе биде разгледана од страна на стручно жири  и Ќе бидете  информирани за статусот на апликацијата најдоцна до  10.05. 2014 година.

Најдобрите 5 бизнис планови ќе бидат поканети да ги презентираат своите идеи пред стручно жири на 24.05.2014 година во Скопје.

Fakulteti.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1