Извршителите кукаат – народот бил сиромашен немало што да им земат


Извршителите се соочуваат со многу проблеми при наплатата на побарувањата. Поголемиот дел од граѓаните се сиромашни. Тие не поседуваат трансакциски сметки, ниту пак некој имот кој што може да им се одземе. Дополнителен проблем за извршителите е фактот што некои граѓани заминуваат од државата, а долговите ги оставаат тука.

mito_1365454339_670x0_1386694364_670x0-Нашите луѓе немаат навика однапред да пријавуваат промена на  престојувалиште и жевеалиште. Тие со лична карта се водат на некоја адреса во Македонија, а всушност се подолго време во странство. Практично тука извршителот нема што да прави. Може, ако станува збор за некое поголемо побарување да се обиде да пронајде некое друго средство во сопственост на должникот, вели за Телма Гордан Станковиќ, претседател на Комората на извршители на Македонија.

Станковиќ смета дека проблемот со блокирањето на сметките на граѓаните е во банките, кои наместо да му ја блокираат определената сума од примањата кои се побаруват, тие ја блокираат целата сметка. Досегашното законско решение со кое државните органи, општините и јавните претпријатија не може да им се блокираат сметките и имотите ги става во нерамноправна положба со останатите субјекти.

-Извршувањето врз сметка на овие државни органи,општини и така натаму се одвива освен во делот на сметката кој се однесува на платите и придонесите на вработените. Повторно едно некозистентно решение, затоа што ако вработените во Република Македонија во државните органи имаат право  на ваква заштита зошти би го немале тоа право вработените во било која друга фирма, рече Станковиќ.

Инаку, во текот на минатата година во 98-те канцеларии на извршителите во државата биле примени 141 илјади предмети, а тие наплатиле 127 милиони евра, што е за 27 милиони повеќе во споредба со 2012 година.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1