Албанскиот премиер ги седна на иста маса Ахмети и Тачи


Албанскиот премиер Еди Рама во саботата во Поградец остварил средби со лидерите на ДУИ, ДПА, Движењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба и Движењето БЕСА, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Сеља, Весел Мемеди и Билал Касами.

Покрај Рама, на овие сребди присуствувале и претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, како и министерот за надвроешни работи Дитмир Бушати, пренесуваат албанските медиуми.rama(5)

Рама имал одвоени средби со Ахмети и со Тачи со кои разговарал за состојбата во Македонија и унифицирање на албанскиот политички фактор во Македонија, и при тоа им ветил дека не подржува формирање нови политички партии на Албанците во Македонија.

Според Телма, на средбата која се одржала во еден од рестораните покрај Охридското Езеро бил повикан и струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Средбата ја обелодени албанскиот премиер, поставувајќи фотографии од неа на својот профил на Фејсбук, без никаков коментар.

Некои медиуми јавуват дека присуството на Села го изреволтирало Тачи, кој и покрај убедувањата на Рама, заминал од средбата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1