ФОТО: Малиот Бен пронајден по 25 години?


Додека биле на семеен одмор во Грција Бен Нидам од Шефилд исчезнал кога имал точно 21 месец.

Тоа се случило на островот Кос на 24 јули1991 година каде бил со родителите, бабата и дедото, кои ја реновирале куќата во селото Ираклиз.2ben.jpg500

Мајката на Бен, Кери Нидам се уште верува дека нејзиниот син е жив, па така во петокот се појави  на грчката телевизија со цел уште еднаш да ги замоли сите луѓе да се јават доколку имаат некаква информација.

По емисијата Детективите кои трагаат по Бен рекле дека имаат неколку можни траги, вклучувајќи го и момчето кое се јавило во емисијата и изјавило дека премногу наликува на компјутерскиот лик на исчезнатиот Бен.  Момчето ќе мора да направи ДНК за да се докаже дали тој навистина е Бен.3ben.jpg500

Кери Нидам и по 24 години верува дека нејзиниот син и понатаму е жив.

– Тоа едноставно е моето внатрешно чувство. Како да ми вели: „Тука сум, дојди по мене“. Верувам дека тој е таму некаде, сметам дека нема да помине уште многу време додека не се пронајдеме. Се надевам, во секој случај. Сакам тој да знае дека и денес го сакам како оној ден кога се роди. Никогаш нема да престанам да го барам – рекла Кери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1