Водачот на навивачката група „Албански ултраси“Индрит Мурати се закани дека српските навивачи ќе бидат убиени ако дојдат на натпреварот меѓу двете селекции во квалификациите за ЕП 2016 година. Тој зборува за натпреавраот Албанија – Србија кој беше прекинат поради дронот на стадионот.
– Обезбедив карти за тој натпревар, но не ми дадоа да ја поминам границата. Разочаран се вратив во Тирана и на стадионот „Мајка Тереза“ го гледав преносот заедно со другарите кога дронот долета на стадионот. Во тој момент се почуствував гордо и почнав да плачам. Ми протекоа солзи радосници, рекол Мурати.
Тој им се закани на српските навивачи
– ФС Србија на нас ни забрани да дојдеме на мечот во Белград, а српските навивачи ги напаѓаа нашите играчи. Ги советувам мајките на српските навивачи да не ги пуштаат своите деца во Албанија бидејќи во спротивно ќе ги вратиме во ковчег, истакнал Мурати.