ФОТО: Срцевидните очила на Елтон Џон украдени од музејот во Мемфис


Очилата во облик на срце на познатиот британски пејач Елтон Џон (68) се украдени од витрина во музејот во Мемфис во кој биле изложени, соопштила американската полиција.Naocari

Кражбата на очилата се случила во вторникот од Музејот на рок и соул музиката во Мемфис.Кога било забележано дека експонатот недостига веднаш била повикана полиција.

Според нивните зборови, витрината во која биле очилата не претрпела конкретна штета. Музејскиот управник изјавил дека крадецот морал да употреби некоја алатка за да го извади експонатот од витрината, а испитувањето на  на отпечатоците е во тек.

Украдените очила по кои се трага се проценуваат на  околу 2.000 долари. Засега никој не е уапсен во овој случај. Елтон Џон е познат по екстравагантните  очила и костуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1