Алергиите ги “нападнаа” граѓаните – Болниците полни со пациенти


Пролетните алергии ги наполнија болниците. Со кивање, течење на носот и печење на очите лекарска помош бараат и млади и стари. Повеќето мислеле дека се настинати, а имале алергија. Според пулмоалерголозите сличните симптоми ги збунуваат луѓето.

-Овој период иако во намален број ги имаме сеуште настинките и тешко е да се направи разлика, но честото кивање и јадежите во носот се покарактеристични за алергиите отколку за настинките, изјави проф.д-р Дејан Докиќ, пулмоалерголог на Клиниката за пулмологија.alergii

Професорот Докиќ вели дека зголемениот број на пациенти со алергија овој период од годината е поради цветањето на тревата. Овие алергени ќе им предизвикуваат проблеми на граѓаните и наредните 4-5 месеци.

-Очекувам со затоплувањето на времето нагло да се зголеми бројот на пациенти со алерхии, бидејќи ќе реагираат и оние пациенти кои имаат малку симптоми да имаат проблеми, додаде проф.Докиќ.

Пулмоалерголозите ги советуваат граѓаните кои се сомневаат на алергија, прво да се јават на лекар за дијагностика, а потоа да добијат соодветна терапија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1