Aлфа и Телма следни на листата медиуми за затварање?


После направената проверка на акционерите во акционерските книги на фирмите кои се сопственици на Алфа и Телма, Советот за радиодифузија побарал одговор  од Министерството за внатрешни работи, за тоа дали некои од акционерите на компаниите кои се сопственици на Алфа и Телма се вршители на јавни функции, пишува Вест.


“Во книгите се појавуваат одреден број имиња на носители на јавни функции, но Советот не може да утврди дали се тоа навистина тие лица, бидејќи ги нема нивните матични броеви, а се случува повеќе луѓе да имаат исто име и презиме со одреден функционер. МВР треба да потврди дали овие лица се навистина тие кои се носители на јавни функции”, изјави вчера претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски за Вест.

За содржината на акционерските книги на двете телевизии за вест Трајчевски вели :
“Во акционерските книги на двете телевизии Алфа и Телма се појавуваат имиња кои може да бидат носители на јавни функции, но нивниот број е многу мал. На пример, едно лице поседува само една акција во компанија која е сопственик на телевизија или од околу 2000 акционери во Алфа, вакви лица има помалку од десет, а поседуваат помалку од 1 процент во телевизијата”

На вчерашната седница, дел од советниците истакнале дека слепото почитување на законската одредба со телевизии кои се во сопственост на големи акционерски друштва, може да им даде простор на акционерите да ги уценуваат медиумите.

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1