Али Ахмети повреден во сообраќајка – возилото удрило во патарината и се запалило


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утринава кај наплатната рампа Гостивар.

Според првичните информации, возачот на Аудито со скопски регистерски таблички Ш.И. (40) од кичевско Зајас, изгубил контрола над возилото, по што удрил во бетонски столб. Од ударот автомобилот се запалил.audiii-500

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот на автомобилот А.А. кои итно биле пренесени во тетовската болница.

Од ДУИ за Плусинфо потврдуваат дека во несреќата повреден е лидерот на партијата Али Ахмети.

-Господинот Ахмети, како и возачот на возилото, се во добра состојба и надвор од животна опасност, но се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово, поради лесните повреди со кои се здобиле. Судирот се случил кога возачот на возилото го надмина судирот со другите возила и се судрил со рампата, се вели во соопштението од ДУИ.

Како што велат од партијата на Ахмети, причина за несреќата е ниската видливост поради маглата.foto-630x473_thumb_medium500_375

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1