Почина легендарниот Кемал Монтено


Кемал Монтено починал денес во 11 часот во Загреб, пишува босанскиот весник „Дневни аваз“.

Поради силно воспалување на белите дробови и компликаци кои следеле по трансплантацијата на бубрегот извршена во ноември, почина легендарниот балкански музичар Кемал Монтено.

Монтено починал утринава во 11 часот на 66 години во болницата во Загреб

Кемал по операцијата, пред околу две недели заврши во болница повторно, овој пат поради висока температура и ослабен имунитет. Монтено неодамна добил и воспалување на белите дробови кое се покажало кобно по животот на музичката легенда.

kemal-monteno-pozlilo-splitski-festival-1341187016-180383

И неговиот менаџер ја потврди оваа вест, истакнувајќи дека пејачот починал утрово во болница, поради компликација по трансплантацијата. Монтено со денови се наоѓаше во загрепскиот клинички центар поради покачена температура, која никако не му се спуштала.

Кемал Монтено пред две години доживеа инфаркт, а со години одеше на дијализа поради проблеми со бубрезите.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1