Али Ахмети прогласи победа на ДУИ во Кичево и Пласница


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва на прес-конференција објави победа на кандидатите за градоначалници на ДУИ во прв круг во општините Кичево и Пласница.

Оцени дека изборите се одвиваа мирно, без изразени неправилности. Според него, на ниво на државата секаде водат кандидатите на ДУИ и, како што рече, тоа ќе биде 11 победа на партијата на било какви избори.

– Центрланиот изборен штаб на ДУИ е во постојан контакт со нашите претставници во останатите општини и очекуваме поточни следни резултати многу скоро, рече Ахмети на прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1