Популарниот рокер Алис Купер на својот Facebook профил им понудил една година на своите фанови да живеат во куќа…
Алис вели дека секој ден по 1000 долари ќе им дава ако живеат во босанската куќа во градот Мркоњиќ. Сето ова звучи како бајка, но трикот се крие во тоа што лицето ќе живее само во куќата без телефон, интернет, телевизија, радио и без контакт со други луѓе.
Човекот што ја изградил куќата вели дека убаво се живее овде, кој во овие услови живеел 30 години.
„Живеев 30 години овде. Пред неколку години живеев без електрична енергија, телефон и автомобил. Користев вода од реката. Тоа влијаеше добро врз мојата инспирација и концентрација. Од искуство знам дека може да се живее без многу цивилизациски откритија во директен контакт со природата. Овде може да живеете среќен живот сите 365 дена без технологија и луѓе. Може да се обидете и на пократок рок. Обидете се…“, напишал Борислав Јанковиќ и му се заблагодарил на Купер што му направил бесплатна реклама.
Купер веројатно се шегувал, но на неговата понуда се јавиле над 25.000 луѓе.