Топлотниот бран со рекордни и историски температури ја зафати и најсеверната држава во Америка, Алјаска. Поголемиот број на жители не го дочекале топлото време со воодушевување.
Во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, биле измерени 26 степени Целзиусови. Просечната температура за овој дел од годината во тој град се движи од 16 до 20 степени, а пред само еден месец во градот паѓал снег.
Во други делови на Алјаска било и потопло. Во малото место Талкитна на северот, биле измерени рекордни 35,5 степени, а во близини на овој град биле забележани 36,6 степени Целзиусови, што е највисока температура некогаш измерена на Алјаска.
Директорот на метеоролошката веб служба “Weather Underground”, Џеф Местерс изјавил дека ова е најтоплиот бран кој ја зафатил Алјаска од 1969 година.
Многу жители го искористиле ова време за да се капат и да се сончаат на езерата, додека некои се жалат дека е премногу топло и дека не се навикнати на толку високи температури.