Алпинисти живи затрупани во лавина предизвикана од земјотресот


Земјотресот со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала во Непал придвижил и огромни карпи и лавина во блзина на базниот камп на Монт Еверест. Најмалку десет алпинисти и шерпаси настрадале, а министерството за внатрешни работи на Непал јавило дека биле повредени повеќе од 30 планинари.alpinisti

Претставници на канцеларијата за туризам на непал додале дека дел од базниот камп од кој алпинистите тргнуваат во освојување на „покривот на светот” е целосно затрупан со снег и карпи
Романскиот алпинист Алекс Гаван на својот твитер профил напишал: „Голем земјотрес а потоа и огромна снежна лавина. Истрачав неповреден од својот шатор. Голем број луѓе останаа на планината”.
Даниел Мазур, друг алпинист, кажал дека базниот камп е „сериозно уништен” и дека најмалку десет луѓе се живи затрупани во своите шатори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1