Ако на Крим се заостри ситуацијата, САД ќе ја нападнат Русија, изјави шефот на Здржениот штаб на армијата на САД, генералот Мартин Демпси, информира руска „Правда“.
Демпси во интервју за ТВ каналот PBS изјави дека Америка е подготвена да ја поддржи Украина и европските сојузници и дека ќе го извести Киев доколку биде неопходно дека САД би можеле да применат и сила. Руската интервенција на Крим им носи голем ризик на сите европски земји и на сојузниците на САД изјави генералор и додаде дека соопштенито на военио врв на САД им е испратено на земјите сојузници во НАТО.
Во меѓувреме, руските војници ја презедоа контролата врз украинскиот граничен центар на западот на Крим и зарабија триесетина украински граничари. Ова е 11 центар кој на Крим го држат Русите, соопшти портпаролот на украинските граничари.
Полуостровот вчера доби и вооружени сили откако воените единици положија заклетва за лојалност кон Крим.
Ситуација се вжештува и во Донјецк, на истокот на Украина каде има информации дека се појавиле платеници од американската приватна компанија “Блеквотер”.
На две снимки објавени на Јутјуб се прикажани добро вооружени војници без ознаки на униформите во Донјецк каде се одвиваат протести како поддршка на припојувањето на Крим кон Русија.