Америка се распаѓа – жители на 20 држави сакаат отцепување


 

Над 100 илјади Американци потпишале петиции за излегување на нивните држави од составот на федерацијата.

 

Петиции за излегување од составот на САД потпишале жители од 20 држави. Петициите се публикувани на сајтот на Белата куќа во одделот Ние, народот.

Меѓу нив се Тексас, Њујорк, Њу Џерси, Северна и Јужна Каролина, Алабама, Џорџија, Флорида, Индијана, Мичиген, Тенеси, Луизијана, Кентаки, Арканзас, Колорадо, Северна Дакота, Орегон, Мисисипи, Мисури и Монтана.

Најмногу петиции има од Тексас – над 25.000, што е и долна граница над која законот на Белата куќа е должен да одговори официјално. Во петициите потпишаните велат дека нема човекови права и имаат сериозна замерка за мерките за безбедност на аеродромите.

Една петиција потпишана од осум илјади жители на Тенеси гласи: Мирно молам државата Тенеси да и се даде право да излезе од составот на САД и да формира своја влада.

Повеќето петиции се потпишани од луѓе во држави во кои мнозинство гласови ги доби Мит Ромни. За последен пат неколку држави излегле од федерални рамки во 1860 и 1861 година по изборот на Линколн, по што во САД избувна граѓанска војна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1