Строго контролирани играчки


Владата во Пекинг донела одлука продавниците за играчки да го регистрираат идентитетот на лицата кои од нив ќе купат хеликоптери и авиони со далечинско управување, а ова е една од мерките за претпазливост пред 18 конгрес на Комунистичката партија во Кина.

Вработените во продавниците за играчки во Пекинг добиле наредба да го регистрираат идентитетот на купувачите на хеликоптери и авиони со далечинско управување како и наредба да ја запрат продажбата на одредени модели иако истите може да се управуваат на оддалеченост од само неколку метри, пишуваат тамошните медиуми.

Пред големата средба, на која на чело на партијата ќе дојде нова генерација на кинески лидери, властите значително го подигнале нивото на безбедност во Пекинг.

Вкупно 1,4 милиони доброволци ќе бидат ангажирани за обезбедување на овој конгрес на најголемата политичка партија во светот која брои повеќе од 82 милиони членови, а средбата планирано е да почне на 8 ноември, пренесуваат новинските агенции.

Според нив, полицијата ќе ги проверува личните документи на сите оние кои во престолнината ќе доаѓаат со јавниот превоз, додека пак оваа проверка ќе биде задолжителна во некои возови, пред се оние кои доаѓаат од Синџанг, каде повеќето од граѓаните се муслимани.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1