Грчкиот весник „Елефтерос типос” објави податоци од истрагата за убиството на Американецот Бакари Хендерсон на Закинтос наведувајќи прецизен опис на неговите повреди.
Врз основа на доказите, податоци и изјави на сведоците и осомничените во истрагата, утврдено е дека 23-годишниот Хендерсон добил 19 удари во главата, од кои починал.
Грчките медиуми “Elefteros typos“ дошле до податоци од истрагата за убиството на Бакари Хендерсон во Лаганас во кои се наведуваат точните податоци за неговите повреди. Во медиумите се наведува и изјавата на 21-годишната девојка од Србија која се забавувала со групата Американци и која наводно била повод за караницата.
“7.7.2017. година во 2.30 излегов со останатите коелги во барот во кој се запознав со тројца Американци и со кои заедно пиев пијалок. Меѓу нив беше и црно момче чие име не го знаев тогаш. Околу 3.00 ми падна чашата на под и се наведнав да ја кренам. Кога се дигнав видов една личност со српска националност како го турка црното момче од моето друштво и неговиот удар со тупаница. Потоа црнецот зема флаша и го удри по глава. После тоа излезе од барот со тројцата Американци, а по нив тргнаа отприлика триесеттина Срби, кои почнаа да го туркаат Американецот. Американците трчаа, а останатите Срби по нив. Јас не ги следев бидејќи добив удар со намера да ги раздвојам. После пет минути отприлика дојдов на местото откаде почнаа да трчат и го видов момчето со црн тен дека лежи на улица, во несвесна состојба и како му тече крв од очи. Еден Американец стоеше покрај него и се обидуваше да му помогне. Амир, кој беше задолжен за локалот, ме праша кој ме удри. Реков дека не знам, а потоа тој истрча по останатите.“
На прашање на полицијата дали работела во локалот дала негативен одговор, а на прашање дали познавала некој од српската екипа и дали би можела да ги препознае, младата Србинка одговорила:
„Не, ги видов прв пат. Не се сеќавам на нив бидејќи испив премногу и се се случи многу брзо“, рекла, но на фотофрафијата ја препознала жртвата, 33 годишниот Србин со британски пасош и грчки бармен.
Американецот е убиен на грчкиот остров Закинтос на 6 јули, потоа се уапсени девет лица, меѓу кои и седум српски државјани.
Државјанинот на Србија, еден од деветтемина осомничени за убиството доби притвор, властите сметаат дека го задал првиот удар на Хендерсон.
Тој е последен од деветте лица , на возраст од 18 до 34 години, кои се сомничат дека го претепале до смрт 22 годишниот Бакари Хендерсон од Остин од американската сојузна држава Тексас во раните утрински часови на 7 јули во Лаганс.
Притвор со тоа им е одреден на седуммина осомничени, од кои петтмина се Срби, еден Британец со српско потекло и еден Грк.
Преостанатите двајца осомничени 22 годишни државјани од Србија се пуштени со кауција од 5000 евра.
Двајца, кои завчера се вратија од Закинтос во Србија, се пуштени да се бранат од слобода. На момчињата им се става на терет кривично дело соучество во убиство.