Американка го остава семејството и заминува да основа колонија на Марс


Џејсон Станфорд наскоро ќе се раздели од својата сoпруга Соња Ван Метер. Но причината, како што многумина би претпоставиле, не е развод, туку сосема поинаква. Неговата сопруга заминува на Марс!

Да, добро прочитавте. Таа заминува на Марс. А што вели нејзиниот сопруг на тоа?Sonia-Van-Meter-Jason-Stanford-2-480x270

– Ова е поголемо од мене. Тука се јавуваат егзистенционални прашања далеку поважни од тоа колку Соња ќе ми недостига на мене. Ако оваа мисија успее, и ако навистина се основа одржлива колонија на друга планета, тоа засекогаш ќе ја промени историјата на човештвото, напишал Џејсон во текстот за Texas Montly.

Соња во 2026-тата година, во рамките на мисијата Mars One, засекогаш ќе ја напушти Земјата. За своето необично патување, Соња проговори и во неколку телевизиски емисии во кои што била гостин, после што следела и лавина од негативни коментари.

Соња ја обвинија дека го напушта сопственото семејство, но Џејсон сепак поинаку гледа на нејзината одлука, за тоа таа да се пресели на друга планета, засекогаш.

– Соња прво ќе престане да биде Земјанка и ќе стане нешто (тешко ми е да го напишам ова) нечовечко, напишал Џејсон помеѓу останатото.

Исто така, тој тврди и дека дури и се навикнал на идејата дека неговата сопруга ќе почине од рак како последица од радијацијата од која што патниците не можат да се заштитат.

– Замислите да знаете дека својата партнерка ќе ја гледате како се развива на друга планета и умира од рак. Замислете тоа да го гледаат сите на Земјата. А сега замислете дека таа идеја повеќе не делува чудно, напишал Станфорд.

И покрај сето тоа, Џејсон безусловно ја поддржува Соња.

– Време е да ја прифатам својата одлука. Нејзиното име е Соња Ван Марсовка и јас сум сопруг на астронаутка. Ние сме само обичен брачен пар во една сосема необична ситуација, но сепак правиме мали чекори за човештвото, чекор по чекор, вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1