Возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра, под дејство на алкохол и дрога возел над 80 км/ч


Основното јавно обвинителство- Скопје ја заврши истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, во која животот го загуби Сузана Тодоровска Павловска- новинар во Македонското радио.

По завршената истрага, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 вв чл.297 ст. 1 од Кривичниот законик.

Foto - Ѕид на сообраќајниот срам

Foto – Ѕид на сообраќајниот срам

Според наодите добиени од спроведените дејствија, обвинетиот во состојба на пијанство под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис го управувал своето возило „опел корса” со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Во исто време со обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство – Скопје стави и посебен Предлог за продолжување на мерката – Притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1