Хаос во Белград: Шешељ го запали хрватското знаме (ФОТО)


Пред хрватската амбасада во Белград завладеа хаос.

Голем број на полициски службеници се обидуваат да воведат ред против нервозните приврзаници на Српската радикална партија и нејзиниот лидер Воислав Шешељ, кои се собраа во Белград, како реакција на одбележувањето на воената акција Бура и протерувањето на над 220.000 краински Срби.1500649730_seselj-pali-zast

Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме, пренесува српски Блиц.

Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор на страната на улицата во која е зградата на хрватската амбасада во Белград.

-Браќа и сестри Срби, 20 години во Белград постои амбасадата на Хрватска- усташката држава. Лажна држава бидејќи повеќе од 900 години не беа во состојба да направат вистинска држава, рече Шешељ пред насобраните.

Сообраќајот на улицата во која се наоѓа амбасадата е запрен, а полициски кордон не им дозволува на следбениците на радикалите да дојдат до зградата.2500649710_1_ff

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1