Американската пошта во загуба од 7,2 милиони поради марките со Симпсонови


Некој во Американската пошта заклучил дека поштенските марки со ликовите од “Симпсонови” ќе бидат двојно популарни од оние со ликот на Елвис Присли, па дале да се испечатат милијарда марки со „Симпсонови“.

Сепак, од милијарда печатени марки наменети за одбележување на 20-от роденден на анимираната серија, се продале само 318 милиони марки. Поради несовесната калкулација и лошата продажба, поштата е оштетена за 7,2 милиони евра.
Поштенски марки кои нема да се продадат се палат. Поради огромно печатење на марки секоја година поштата наместо во добиток е во голема загуба.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1