Американски лекари ќе ги обучуваат македонските


20 американски доктори ќе едуцираат македонски кардиолози, невролози, онколози, гинеколози, педијатри и офталмолози. Тие од идната година ќе работат заедно со нашите лекари, ќе прегледуваат пациенти и оперираат низ македонските болници.

Министерството за здравство покрива дел од трошоците за едукација, а остатокот донација од „Линка Крос“ и од докторите.

„Договорено е како Министерство да надоместуваме 400 евра неделно, односно 800 евра за престој. Најкраткиот престој на докторите ќе биде минимум две недели. Дел од нив ќе останат и три месеци во Македонија“, истакна Тодоров.

Ова е предвидено со Меморандумот кој вчера го потпишаа министерот за здравство Никола Тодоров, претседателот на Лекарската комора на Македонија, Кочо Чакаларовски и директорот на американската непрофитна организација „Линка Крос“, Клеј Батмаер, преку која ќе се овозможи присуството на американските доктори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1