Американски научник го предвиде земјотресот во Охрид (ВИДЕО)


Еден ден пред земјотресот во Охрид, американскиот научник Мајкл Јанич, на неговиот канал на „Јутуб“ објавил видео за тоа каде се очекувааа следните земјотреси во светот.

Во еден сегмент од видеото, поточно околу 27 минута и 30 секунди тој ја споменува Македонија. Зборува дека земјотресите се движат по т.н. сеизмичка река или патека, која води од Турција преку Грција кон Италија, но на тој пат се наоѓаат Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, па веројатно е дека најпрво ќе затресе во некои од тие подрачја.

Јанич, покрај „јутуб“ каналот, има и своја веб-страна и профили на социјалните мрежи на кои објавува содржини и видеа од неговата област. Тој проучува теми поврзани со геофизиката, а во јавноста често неговите студии се нарекувани контроверзни и провокативни.

Мајкл Јанич потекнува од градот Сент Луис во сојузната држава Мисури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1