Александар Велики бил од Македонија и не се сметал себеси за Грк, тврдат Плутарх и Аријан, кои ги сметаме за најавторитативни и најрелевантни од античките историчари. Според преводот на нивните книги на англиски јазик постои Александар од Македонија и тој јасно зборува за браќата Грци. Затоа решивме да одржиме семинар за животот на Александар во Македонија, објаснува Мелиса Kарл, директор на американската агенција „Kјуриос ојстерс семинарс“ која од 11 до 15 август организираа книжевен семинар за Американци во Охрид под наслов „Животот на Александар во Македонија“, пишува Дневник
Kарл има македонско потекло – баба ~ и дедо ~ се од Македонија, едниот од селото Буф, Леринско, а и другиот од тој друго село во истиот регион.
– Не знам доволно за спорот и дебатата со Грција, но очигледно станува збор за спор од политички причини. Ние, откако поминавме низ историските книги решивме дека ќе одиме во Македонија за да читаме за Александар бидејќи така вели Плутарх – објаснува таа.
Идејата на нивните семинари е да ги спојат литературата и патувањата. Објаснуваат дека ги читаат само оригиналните дела на филозофијата, историјата и книжевноста во локации од кои се инспирирани или во местата на личностите за кои се напишани.
И студентот Рајли објаснува дека Александар е очигледно од Македонија бидејќи во Аријановата „Воените походи на Александар“ има параграф каде што јасно се укажува на тоа. Тој додава дека различниот профил на луѓе кои се дел од семинарот овозможуваат побогати и подлабоки анализи на текстовите.