Добитникот на Пулицеровата награда, Симор Херш тврди дека Белата куќа и сервирала на јавноста лаги за тоа како бил убиен Осама бин Ладен во мај 2011.
Херш тврди дека американската влада пред четири години од целиот свет сакала да го сокрие фактот за тоа случување, од што најмногу профитирал Обама кој влегол во предизборна година.
Пакистанската влада наводно со години го имала Бин Ладен под надзор во Аботабад, наслеба во која главно живeат воени службеници. ЦИА дознала за неговата локација после што висок пакистански офицeр ги открил тие информации во надеж дека ќе добие награда од 25 милиони евра.
Изворот на Херш, кој е претставник од американската војска, открива дека администрацијата на Обама дури четири години преговарала со пакистанската влада пред нападот на засолништето на Бин Ладен, а на јавноста ѝ било кажано дека се работело за тајна мисија, за која никој не знаел ништо, пишува CNN.
Новинар тврди дека пакистанските известувачки служби ја прекинале електричната мрежа пред американските војници да го нападнат објектот, како би се избегнала интервенција на локалната војска.
Во статијата на Херш која беше објавена во London Review of Books се наведува дека немало големи пукотници, особено не големи борби, како и тоа дека имало само мали пукотници во моментот кога бил убиен Бин Ладен.
Обама наводно ја сокривал вистината како би ја зголемил популарноста пред изборите.
Херш исто така тврди дека Бин ладен не е погребан во море, туку во Авганистан.
– На Пакистанските војници им било наредено да ја напуштат локацијата штом слушнат хеликоптери. Градот бил во мрак, прекинато било и напојувањето со електрична енергија, вели Херш.
Американците тврделе дека во куќата во која се сокрива Бин Ладен пронашле важни документи, но Херш тоа го негира.
– Белата куќа морала да остави впечаток дека Бин Ладен е и понатаму оперативно важен, инаку не би постоело никакво оправдување за неговото убиство. Поради тоа е смислена и сосема поинаква приказна за мрежа од курири кои доаѓале и си оделе со мемориски стикови и инструкции, навел неименуваниот извор на Херш.
Белата Куќа сè уште не се огласила за тврдењата кои ги дал признатиот новинар.