АМСМ: Патувајте наутро или навечер избегнете ги жештините


Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.

Поради можност за одрони внимавајте на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.

Бидете внимателни и на магистралниот пат М -1 делница Катланово – Велес, каде се одвива реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

На граничните премини Табановце и Богородица утринава се забележува зголемена фреквенција на возила, но и покрај тоа задржувањата за влез и за излез од државата не се подолги од 20-ина минути. На останатите гранични премини задржувањата се минимални.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1