По информација од загрижени читатели доставена до македонски портали, дека на патот Скопје-Велес, поточно после Катланово има голем одрон и патот е блокиран, доаѓа информација од АМСМ.
Курир побара информација од АМСМ за состојбата на овој патен правец од каде не известија дека на наведениот пат нема никаков одрон.
Дежурните служби од АМСМ во изјава за Курир велат дека по објавената информација, контактирале со надлежните од Македонија пат од каде добиле повратен одговор дека нивните екипи поминале во контрола на наведениот патен правец и не бил забележан никаков одрон.
Дополнително, ниту еден граѓанин од лице место не пријавил во АМСМ дека забележал голем одрон кој би го блокирал целиот пат.