Амстердам – се судрија два патнички авиони, наредена итна евакуација


На меѓународниот аеродром „Шифол“ во Амстердат се судрија два патнички авиони.

Британските медиуми јавуваат дека станува збор за авиони Изиџет (EasyJet) и КЛМ.

Изгледа дека авионо на Изиџет се удрил во „боингот3 на КЛМ. Боингот се подготвувал да одлета за Мадрид, а авионот на Изиџет слетувал кога се судриле.

Сведоците велат дека двата авиони се оштетени, а патниците евакуирани на терминалот. Еден патник објавил и твит за случката.

„Мојот авион на Изиџет од Амстердам за Лондон буквално удри во друг авион. Нешето крило се зари во опашот на авионот на КЛМ. Заробени сме во авионот додека истрагата не се заврши“, гласел твитот.

Иџицет го потврди инцидентот и додале дека патниците одлетале со друг авион, кој е на пат за Амстердам.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1