Анализа на ЦИА од пред 15 години за 2015 = што погодија што утнаа


Група експерти кои пред 15 години биле ангажирани од ЦИА да предвидат каква ќе биде 2015 година, погодиле дека ќе има експанзија на дигиталната и мобилната технологија. Сепак, експертите промашиле дека Русија ќе ослабе и оти ќе умре Фидел Кастро..CIA-logo-500x358

При тоа погодија дека ќе дојде до експанзија на дигиталната и мобилната технологија, но погрешила по однос на тоа дека Русија ќе ослаби, Фидел Кастро ќе почине, пишува британски Телеграф.

Нивните предвидувања се објаснети во студија од 70 страници, каде е анализирано се: од подемот на нанотехнологијата, до падот и растот на цената на нафтата, демографската промена во светот како и судбината на светската економија.

-Универзалната безжична мобилна комуникација ќе направи најголема глобална трансформација, од почетокот на индустриската револуција, се вели во студијата.

Предвидено е дека ИТ револуцијата ќе има политички последици, а вистински пример е интернет опозицијата на авторитарните режими ба Блискиот исток, односно почетокот на Арапската пролет. Отворени се нови начини за „војна“ помеѓу нациите, но не а отворено воено поле, туку во дигитална верзија. Пример за тоа е сајбер нападот на Кина, Русија и САД, како и тоа што американците го користеа вирусот Stuxnet, за саботажа на иранската нуклеарна програма.

Предвидено е дека богатите ќе со помош на биотехнологијата ќе можат да го продолжат животот. Сепак беа во право за генетските модификации на земјоделските култури.

Во студијата пишува и дека Русија ќе ослаби, а денеска наместо предвидените 2.500 боеви глави, Русија има 8.000.

Експертите погрешија и по однос на обединувањето на Северна и Јужна Кореја, како и за смртта на Фидел Кастро.

Предупредувањата за терористички напади се исполнија, а сите нив најдраматичен беше терористичкиот напад во Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1