Ангола гo забрани исламот и ги уништува џамиите


Ангола e првата земја во светот која воведе забрана за исламот и муслиманите, а сето тоа со цел „да се обиде да го задуши ширењето на муслиманскиот екстремизам“, пишува onislam.net

dzamija-630x472„Процесот на легализација на исламот не е одобрен од страна на Министерството за правда и човекови права, па нивните џамии ќе бидат затворени на неодредено време“, рекла Роза Круз де Силва, Министерка за култура на земјата.

Владата на Ангола наредила да се урнат џамиите во земјата, како дел од забраната.

Според Силва, одлуката е дел од серијата напори да се забранат „нелегалните“ религиозни секти во земјата. Според министерката, овој потег бил неопходен во борбата на земјата со појавата на верници чија вера е во спротивност со културните обичаи на Ангола.

Не само исламот, туку и многу други вери што не се легализирани ќе се соочаат со затворање на нивните храмови, рекла Силва.

Зборувајќи за тоа, претседателот на Ангола Жозе Едуардо дос Сантос рекол: „Ова е конечниот крај на исламското влијание во нашата земја.“

Angola-Bans-Islam-Destroys-Mosques

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1