Антарктикот исчезнува побрзо отколку предвидувањата


Западниот Антарктик се загрева двапати побрзо отколку што научниците досега предвидуваа, покажаа резултатите од неодамна објавената нова анализа на температурите на Јужниот пол.

1antarНајјужниот континент на нашата планета, сместен токму на Јужниот пол, досега беше познат како дел од Земјата прекриен со „вечен“ мраз. Меѓутоа, описот на Антарктикот би можел многу брзо да биде променет, отколку што досега се мислеше.

Американскиот тим истражувачи објави неодамна во списанието „Нејчр геосајенс“ (Nature Geoscience) студија која изобилува со докази дека ледените архипелази на Западниот Антарктик на југот на нашата планета се загреваат двапати побрзо отколку што научниците досега сметале.

Тие изразиле загриженост дека топењето на мразот, што е директна последица на зголемувањето на температурите, ќе доведе до брзо зголемување на нивото на морињата и океаните, пренесе Би-Би-Си.

Новите податоци се добиени од станицата „Брди“ (Byrde) која американските истражувачи ја воспоставиле во 1950 година во срцето на Западниот Антарктик. Тоа е првпат научниците да успеат да добијат целосен извештај од станицата за период во летните месеци на јужната хемисфера.

Анализите покажале дака за периодот од 1958 до 2010 година, просечната температура на Антарктикот се зголемила за 2,4 степени Целзиусови.

– Тоа што го воочивме е најсилен сигнал за загревањето на Земјата, вели Ендрју Монаган, коавтор на студијата и член на американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.

Фактот дека за време на летото на јужната хемисфера, со тоа и на Јужниот пол, температурите значајно се зголемуваат, наведува на нови заклучоци. Токму затоа уште еден коавтор на студијата, професорот Дејвид Бромович од Државниот универзитет во Охајо, смета дека новите податоци се доста значајни.

– Фактот дека температурите се зголемуваат во текот на летото значи дека наскоро Западниот Антарктик ќе почне да се топи не само на дното, како што сега знаеме, туку истовремено и од врвот, појасни тој.

Научниците утврдиле дека за промена на температурите најважно е влијанието на промените на ветрот и временските обрасци кои доаѓаат од Тихиот Океан. Во прашање се промените за кои главно се „заслужни“ луѓето, но дел од вината ја носат и законите на природата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1