Антибеби апчиња за да одложите циклус – внимателно !


Ова важи и за оние кои досега не пиеле контрацептивни пилули, а сакаат да го одложат менструалниот циклус. Зависно од нивната возраст, здравствената состојба како и обемот на крварење, гинекологот ќе препорача кој хормонски препарат е најдобар за нив.

Автор M-r Ph Марија Петреска /

Со цел менструалниот циклус да не го распие летниот одмор, многумина од девојките често имаат потреба да го одложат на недела или две. Начинот на кој тоа одложување може да се постигне зависи од тоа дали примате контрацептивни пилули или не.

Доколку веќе користите вакви контацептивни средства, тогаш доволно е за да го одложите месечниот циклус, помеѓу двете дози да не направите пауза, на пример, ако ги пиете таблетите 21 ден и правите пауза од една недела, кога ќе посакате да го одложите циклусот, не треба да ја правите оваа пауза.

Ова се препорачува само за здравите жени

Доколку таблетите ги пиете 24 дена, а следните 4 пиете плацебо таблети, односно таблети без активна супстанца, добро познати како контролни таблети, тогаш овие ги прескокнувате, и по 24-тата таблета веднаш почнувате со нова кутија на овие пилули. Многумина од гинеколозите тврдат дека многу жени на овој начин го одложувале својот циклус, без притоа да настанат некакви здравствени проблеми. Бидејќи овој начин на одложување не предизвикува значајни промени во менструалниот циклус, и самите гинеколози го препорачуваат, но секако само на здравите жени и девојки.

Оние жени кои имаат било какво хронично заболување и ги користат овие контрацептивни пилули, не би смееле да го менуваат режимот на дозирање на своја рака, тие мора да се консултираат со својот гинеколог. Ова важи и за оние кои досега не пиеле контрацептивни пилули, а сакаат да го одложат менструалниот циклус. Зависно од нивната возраст, здравствената состојба како и обемот на крварење, гинекологот ќе препорача кој хормонски препарат е најдобар за нив.

Земањето на овие таблети се започнува три дена пред циклусот

Во ситуација кога имате намера да го одложите вашиот менструален циклус, се препорачуваат хормонски препарати кои содржат прогестерон кои почнуваат да се пијат два до три дена пред менструалниот циклус. Таблетите се пијат онолку дена колку што би сакале да го одложите циклусот, но не повеќе од две недели. Откако ќе поминат два до три дена откако сте престанеле со земање на таблетите, очекувајте крварење налик на менструалното. Напишаното погоре не значи дека на своја рака може да одлучите да подигнете ваков хормонски препарат и да го земете на своја рака. Во аптеките, овие хормонски препарати се подигнуваат исклучиво со рецепт препишан од вашиот гинеколог.

Кога треба да се внимава најмногу со прогестеронот

Посебно внимание треба да се посвети доколку во исиот циклус сте зеле за итна контрацепција и овие кои се користат за долготрајна контрацепција или во случајов за одложување на менструалниот циклус.

Совет

Доколку имате потреба да го одложите циклусот на два до три дена, тогаш наш совет е тие денови да внесувате големо количество на витамин Ц, затоа што тој ќе ги затегне крвните садови и ќе помогне да се одложи крварењето, капењето идентично ќе делува на крвните садови, но изложувањето на сонце ќе го постигне спротивниот ефект, па затоа наша препорака е, повеќе капење, витамин Ц и криење од сонце.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1