Антибиотици смеат да се пијат само кога е неопходно


Антибиотици да се земаат само кога е неопходно и со препорака од лекар, а не за каква било настинки или инфекции на горни дишни патишта. Нивното прекумерно, нерационално користење создава отпорност кај патогените микроорганизми кои, наместо да бидат уништени, стануваат отпорни и потенцијален извор на сериозни инфекции.


– Клучно прашање е како да ги зачуваме антибиотиците за идните генерации, како да им го продолживме животот за 200, 300, 400 години. За откривање на еден антибиотик се потребни децении и милијарди евра, а за создавање отпорност кон него се доволни само две до четири недели или пократко, предочи директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев, пренесува Миа.

Захариев порача, во случаи кога е неопходна терапија со антибиотици, доколку е можно да се земаат пред се пеницилини, ампицилини, односно што помалку антибиотици од т.н. втора и трета генерација, да не се користат многу и антибиотиците од групата макролиди и хинолони.

– Црвено-црните капсули се синоним за најдобар лек. И сулфонамидите, кои се по малку заборавени и ги нема никаде, се исто така многу добри лекови, посочи Захариев.

– Почесто проблем е самостојното купување антибиотици од страна на пациентите или користењето антибиотик што бил препишан претходно, за некоја друга инфекција. Оваа навика треба да се искорени зашто антибиотик што делува на некоја инфекција, не значи дека е ефикасен и за друга, вели д-р Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција.

За издавање антибиотици без рецепт казните се 25.000 до 50.000 евра за аптеката и 10.000 до 20.000 евра за фармацевтот. Контролите се секојдневни, проблемот не е сосема искоренет, но поретко се случува. Годинава нема казни зашто фармацевтите се многу дисциплинирани, информира директорот на Бирото за лекови.
Во Македонија се регистрирани околу 70 генерички антибиотици во повеќе од 240 различни облици, јачини и пакувања

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1