Апел: Проверете го пасошот пред да тргнете на пат



Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните на Република Македонија пред да тргнат на пат да ја проверат важноста на биометриската патна исправа.

Во соопштение од МВР изјавуваат дека голем е бројот на вратени патници од граничните премини кои на излез покажуваат истечена патна исправа издадена во периодот од април 2007 година до сега.

На лицата на кои согласно возраста по Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија им се издаваат пасоши во траење од 5 години, токму биометриските патни исправи издадени во периодот од април 2007 година до сега, веќе се неважечки. Исто така, МВР апелира до граѓаните задолжително да се проверува рокот на важноста на патната исправа кај децата на кои согласно законот таа им се издава со рок на важност од две години.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1