Аријана Гранде во шок, ја прекинува својата турнеја


Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин на турнејата по бомбашкиот напад во Манчестер, по крајот на нејзиниот синоќешен концерт,.

Гранде е во шок, по загинувањето на најмалку 22 лица, од кои повеќето тинејџери.

Следните концерти од турнејата под наслов „Опасна жена“ (Dangerous Woman), беа предвидени за 25 и 26 мај, во Лондон.

По настапите во Велика Британија, американската поп пејачка требаше да оди во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија, Франција…

Бомбата во Манчестер елсплодираше веднаш откако Аријана ја напушти сцената по крајот на концертот, близу влезот на арената.

„Јас сум уништена! Од сето срце ви велам, многу ми е тешко. Просто, немам зборови!, напиша таа на својот Твитер налог.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1