Сопругата и ќерките на Гвардиола спасиле жива глава на концертот во Манчестер


Сопругата на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, Кристина Сера, заедно со ќерките, Валентина и Марија присуствувале на трагичниот концерт во Манчестер арената, каде вчера по две експлозии 22 лица ги загубија своите животи, а 59 се повредени.

Нападот во арената се случи за време на повеќечасовниот настап на познатата американска пејачка, Аријана Гранде.

Иако сопругата и двете деца на Гвардиола се во ред, сè уште се потресени од трагедијата, како и сите други кои биле присутни во тие моменти во арената.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1